Положување цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски по повод 15 годишнината од неговата трагична смрт

Во вторник (26.02.2019) по повод одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски, делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и националниот координатор за подготовка за членство на РСМ во НАТО, Стево Пендаровски, во 11:30 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски на гробиштата во Бутел. 

Календар Влада: 
Вторник, Февруари 26, 2019 - 11:30 to 12:30