Премиерот Заев оди во официјална посета на Република Романија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од владина делегација и неговата сопруга, во четврток (28.02.2019) ќе биде во официјална посета на Република Романија.

Во рамки на официјалната посета на Букурешт, предвидени се средби со владиниот и државниот врв на Република Романија. Премиерот Заев е планирано претпладнето да се сретне со романската премиерка, Виорика Данчила, по што ќе следуваат изјави за медиумите. Попладнето, предвидени се приеми на премиерот Заев и делегацијата, кај претседателот на Домот на пратениците, Ливиу Драгнеа, како и кај претседателот на Сенатот на Република Романија, Калин Попеску-Таричеану.

Календар Влада: 
Четврток, Февруари 28, 2019 (Цел ден)