Премиерот Заев и владина делегација во посета на познатиот македонски бренд, најголемата компанија од фармацевтската индустрија Алкалоид АД Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за здравство, Венко Филипче и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, во петок (01.03.2019) со почеток во 13:00 часот ќе ја посетат најголемата компанија од фармацевтската индустрија Алкалоид АД Скопје.

Во рамки на оваа посета премиерот Заев и владината делегација ќе остварат работна средба со директорот на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов и дел од менаџментот, а потоа ќе ги посетат производствените капацитети на Алкалоид, ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој.

Во 14:20 часот предвидени се изјави за медиумите на премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и директорот Мукаетов пред Инситутот за истражување и развој.

Календар Влада: 
Петок, Март 1, 2019 - 13:00 to Сабота, Март 2, 2019 - 14:45