Потпишување на договори за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари

Во вторник (05.03.2019) со почеток во 09:00 часот во Свечена сала, Влада на Република Северна Македонија ќе се одржи настан на којшто ќе се потпишат договорите за доделување на државно земјоделско земјиште над 3 хектари под закуп.

Свои обраќања ќе имаат Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Календар Влада: 
E martë, Mars 5, 2019 - 09:00 to E mërkurë, Mars 6, 2019 - 09:45