Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев на економска трибина „Силна економија - Шанса за сите“ со граѓаните од Кавадарци

Ве известуваме дека во среда (06.03.2019) со почеток во 13:00 часот, во големата сала во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, претседателот на Владата на Република Северна Македонија и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев ќе дебатираат заедно со граѓаните од Кавадарци на економската трибина „Силна економија - шанса за сите“.

Трибините со граѓаните „Силна економија - Шанса за сите“ се отворени за медиумите и за учество на граѓаните.

Трибината може да ја следите на следниов линк: https://youtu.be/4t-axEpksWA

 

Календар Влада: 
Wednesday, March 6, 2019 - 00:00 to 23:45