Прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Бошњаковски и Хоџа и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми

Во среда (06.03.2019) ќе се одржи прес-конференцијата на која портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа ќе информираат за одлуките донесени на 124-та седница. 

На оваа прес-конференција свое обраќање ќе има и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми на тема Национална стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората 2019-2023 година, која беше точка од дневниот ред на 124-та седница на Владата на Република Северна Македонија. 

Прес-конференцијата ќе се одржи во среда (06.03.2019) во Медија центарот на Владата, со почеток во 09:30 часот.

Календар Влада: 
Среда, Март 6, 2019 - 09:30 to 10:30