Свечено потпишување на Меморандум за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари

Свеченото потпишување на Меморандумот за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари, кое ќе се одржи на 06.03.2019 година (среда), со почеток од 11:45 часот, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија.

На настанот е предвидено обраќање на МП Дескоска, претседателката на ДКСК Ивановска, МВР Спасовски и МИОА Манчевски.

Потписници на овој меморандум се Министерството за правда, МВР, МИОА, ДКСК, Јавното обвинителство, СЈО, како и претседателите на судовите во Република Северна Македонија. 

Главен корисник на оваа алатка ќе биде Државната комисија за спречување на корупцијата. 

Календар Влада: 
Среда, Март 6, 2019 - 11:45 to 12:45