Потпишување на договор за изведувач за Програмата за наводнување на јужно вардарска долина, втора фаза

Во понеделник (11.03.2019) со почеток во 09:00 часот, во Домот на културата Валандово ќе се одржи настан на потпишување на договор за изведувач за Програмата за наводнување на јужно вардарска долина, втора фаза, на кој свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, а свои обраќања ќе имаат и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Календар Влада: 
Monday, March 11, 2019 - 09:00 to Tuesday, March 12, 2019 - 09:45