Премиерот Заев со владина делегација оди во официјална посета на Република Албанија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во среда (13.03.2019), биде во официјална посета на Република Албанија.

Во рамки на официјалната посета на Тирана, предвидени се средби на владино и државно ниво.

Претпладнето, премиерот Заев и владината делегација ќе се сретнат со албанскиот премиер Еди Рама, по што ќе следува заедничка прес-конференција на премиерите.

Попладнето, предвидена е средба и со претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи.  

Календар Влада: 
Среда, Март 13, 2019 - 00:00 to 23:45