Потпишување на меморандум за соработка помеѓу Владата и Комората на медијатори на Република Северна Македонија

Во четврток (14.03.2019), со почеток во 12:00 часот во Свечената сала ќе се одржи потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Комората на медијатори, со цел промоција, поддршка, практицирање и унапредување на медијацијата како подобен начин на алтернативно и мирно решавање на споровите во Република Северна Македонија.

По потпишувањето на меморандумот за соработка, свое обраќање ќе имаат претстедателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на Комората на медијатори на Република Северна Македонија, Славе Младеновски.

Календар Влада: 
Четврток, Март 14, 2019 - 12:00 to Петок, Март 15, 2019 - 12:45