Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад.
На средбата, на која беа истакнати традиционално пријателските односи меѓу двете земји, беше поздравен договорот од Преспа, како добар модел за решавање спорови во регионот, се разговараше процесот на зачленување на земјата во НАТО, и за реформите кои имаат цел забрзување на интеграцијата во Европската Унија.
Беше подвлечено, дека Норвешка веќе ја почна постапката во Парламентот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО и го поддржува и се радува на полноправното членство на земјата во Северноатлантската Алијанса.
Исто така, на средбата меѓу премиерот Заев и Н.Е. Бјорнстад беше изразено очекување за позитивна одлука на Европскиот совет во јуни и беше повторена норвешката поддршка и подготвеност за пружање помош во подготовките за отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.