Дали ќе има размена на споменици како што пишуваат грчките медуими „Тркачот од Атина“ во замена за „Воинот на коњ“?
Датум на поставено прашање:
12/03/2019
Преспанскиот договор е потпишан со цел да се унапреди соработката помеѓу двете земји, што ќе придонесе и во економски развој на регионот. Ние сме фокусирани во имплементацијата на Преспанскиот договор. Според договорот во наредниот период сите споменици кои припаѓаат на Хеленската историја ќе бидат означени како такви. Во моментов не постои друга иницијатива во Владата на Република Северна Македонија.