Кога ќе започне повратот на ДДВ на граѓаните?
Според програмата на Владата предвиден е поврат на 15% од платениот ДДВ за граѓаните. Во тек се подготовките и мерката, како што беше најавено, ќе почне во јули годинава. Мерката има 2 главни цели: првата е поврат на средства кај граѓаните кои одговорно го плаќаат данокот на додадена вредност, додека втората е намалување на даночното затајување. Односно на граѓаните откако ќе побараат фискална сметка и ќе ја внесат во системот за истата ќе им биде пресметан поврат на 15% од платениот ДДВ. Министерството за финансии ќе излезе со сите детали и анализи за повратот на ДДВ навремено, како и за секоја мерка досега.