До каде е процесот на преговорите во однос на статусот на СЈО?

Датум на поставено прашање: 
19.03.2019

Се чека опозицијата. Треба да ги достави ставовите во амандманска форма за текстот на законот за јавното обвинителство до четврток.
Следната средба со опозицијата се очекува да биде во петок, на 22 март.
Постојат сериозни две клучни разлики помеѓу опозицијата и Владата на Република Северна Македонија.
Како што знаете опозицијата бара СЈО да биде одделение во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а не посебно обвинителство каков што е ставот на владата.
Втората клучна разлика е разликата околу судбината на истрагите коишто се во тек од страна на СЈО - предистражни постапки и обвиненија коишто се покренати по 18 месеци од предавањето на материјалите.
За овие две работи ќе се разговара. За нас како Влада, предлог законот е најсоодветното решение коешто е доставено и мислиме дека истиот треба да се имплементира без одолговлекување.