Дали условите на граѓаните со помали месечни примања ќе се подобрат по донесувањето на неколкуте социјални закони?

Датум на поставено прашање: 
19.03.2019

Со реализацијата на новиот пакет социјални закони од сиромаштија ќе се извлечат 400 илјади наши сограѓани кои од април оваа година, откако Собранието ќе ги усвои законите. 
Дополнително, социјалната помош од сегашните 3900 денари, ќе порасне не нешто повеќе од 11 илјади денари, и тоа е само една нова мерка која опфаќа и многу други во системот на заштита.
Освен зголемувањето на висината на социјалната помош, меѓу другото, со реформите пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. 
Од идната година детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. 
Исто така типично четиричлено семејство место досегашните 3.000 денари социјална помош ќе зема гарантиран минимален приход од над 10.000 денари, односно секое домаќинство ќе добива паричен надомест според социјалниот ризик во кој што се наоѓа.