Обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на свечена академија по повод 12 години од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Во среда (27.03.2019), со почеток во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе има свое обраќање на свечената академија по повод 12 години од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Настанот ќе се одржи во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

Пред обраќањето, а со почеток во 11:45 часот предвидено е посета на штандовите на факултетите на УГД Штип, поставени пред Центарот за култура, заедно со ректорот, проф. Д-р Блажо Боев и градоначалникот на Општина Штип, г. Благој Бочварски.

Календар Влада: 
Среда, Март 27, 2019 - 11:45 to Четврток, Март 28, 2019 - 12:45