Средба на владина делегација предводена од премиерот Заев со претставници на работните групи на Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување

Во четврток (28.03.2019) со почеток во 14:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација на средба со претставници од работните групи на Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување.

Во состав на делегацијата ќе бидат заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за правда, Рената Дескоска, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Средбата ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, во сала „Борис Трајковски“.
 

Календар Влада: 
E enjte, Mars 28, 2019 - 14:00 to 16:00