Обраќање на премиерот Заев на 20 годишната конференција во организација на АД Македонска берза, посета на охридска чаршија и увид кај новиот терминал на граничниот премин Ќафасан

Во петок (29.03.2019) со почеток во 9:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе има свое воведно обраќање на 20 годишната конференција во организација на АД Македонска берза во хотел Метропол во Охрид.

По конференцијата, во 12:15 часот премиерот Заев придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши, ќе прошетаат по охридската чаршија. Ги каниме медиумите на локација кај филигран „Михајло Филев“, од каде ќе се упатат кон плоштадот на Охрид и во 12:30 часот ќе дадат изјава за медиумите.

Потоа, во 15:30 часот, премиерот Заев и министерот за економија Бектеши, заедно со директорот на Царинска Управа на РСМ, Ѓоко Танасовски, ќе направат увид во тековната состојба и подготовките на новиот терминал на граничниот премин Ќафасан и ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

Календар Влада: 
E premte, Mars 29, 2019 - 00:00 to 23:45