Средба на премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески со стопанствениците од Пелагонискиот регион и увид на изградбата на гасоводната траса Штип-Неготино/Кавадарци-Прилеп-Битола во месноста Беловодица

Во сабота (30.3.2019) со почеток во 09:45 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, ќе се сретнат со стопанствениците од Пелагонискиот регион, односно со членките од Регионалната комора со седиште во Прилеп и Регионалната комора со седиште во Битола. На оваа средба ќе и претходи куса средба со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски. Изјавите за медиуми се предвидени во 10:55 часот во холот пред општинската сала во Прилеп.

Веднаш после изјавите за медиуми, делегацијата ќе се упати да изврши увид на изградбата на гасоводната траса Штип-Неготино/Кавадарци-Прилеп-Битола во месноста Беловодица. Увидот завршува со изјави за медиуми кои се предвидени во 12:00 часот на самата траса во месноста Беловодица.

Календар Влада: 
Сабота, Март 30, 2019 - 09:45 to Недела, Март 31, 2019 - 14:45