Официјална посета на делегација од Грција предводена од Премиерот Ципрас на Северна Македонија

Во вторник, 02.04.2019, делегација на Грција, предводена од премиерот Алексис Ципрас пристигнува во официјална посета на Северна Македонија. 

Во склоп на посетата делегацијата од Грција ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија. 

После неколку кратки билатерални средби помеѓу премиерите и министрите на двете држави во Владата на РСМ ќе се одржи меѓувладина седница, а потоа и заедничка прес-конференција на премиерите Заев и Ципрас во холот на Владата. 

Оттаму, делегацијата на Грција ќе се упати кон Парламентот на средба со Претседателот на Собранието на РСМ, Џафери. 

На крајот на посетата, премиерите Заев и Ципрас ќе го отворат Бизнис форумот кој ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“. 

Календар Влада: 
Tuesday, April 2, 2019 - 00:00 to 23:45