Премиерот Заев ќе се обрати на Регионалната конференција „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“

Во понеделник (01.04.2019) со почеток во 10:00 часот, во хотелот Александар Палас (Конгресна сала), претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе се обрати на почетокот на Регионалната конференција на тема „Зајакнување на капацитетите на Координативните центри за интегрирано гранично управување“. 

На отворањето на оваа конференција свое обраќање ќе имаат и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која и директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасоски.

Календар Влада: 
Monday, April 1, 2019 - 10:00 to Tuesday, April 2, 2019 - 10:45