Премиерот Заев и министерката Шекеринска на дипломатска дискусија со амбасадори на земјите членки на НАТО на тема „Патот до Брисел“

Во среда (03.04.2019) во свечената сала во Владата на Република Северна Македонија, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи дипломатска дискусија на тема „Патот до Брисел”.
Дискусијата со свои излагања ќе ја отворат премиерот Зоран Заев и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, а во неа ќе учествуваат амбасадори на земјите членки на НАТО во Република Северна Македонија.

Настанот, во рамките на НАТО неделата, го организираат Министерството за одбрана, Евро Атлантскиот совет (АТА) и амбасадата на Република Словенија. На дискусијата ќе стане збор за процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Покануваме претставници на медиумите да ја проследат дискусијата.

Календар Влада: 
E mërkurë, Prill 3, 2019 - 12:00 to E enjte, Prill 4, 2019 - 13:45