Прес-конференција на претседател истражителот на Комитетот за истрага на воздухопловните несреќи и сериозни инциденти, Зоран Илиевски

Ве покануваме да ја проследите прес-конференцијата на која претседател истражителот на Комитетот за истрага на воздухопловните несреќи и сериозни инциденти при Владата на Република Северна Македонија, Зоран Илиевски ќе информира за авионската несреќа која се случи на 2-ри април кај Солунска Глава, во која трагично го загубија животот четири државјани на Република Бугарија.

Прес-конференцијата ќе се одржи денеска во Медија центарот на Владата, со почеток во 13:00 часот.

Календар Влада: 
Четврток, Април 4, 2019 - 13:00 to 14:00