Учество на премиерот Заев и вицепремиерот Османи на настан „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“ по повод 8-ми април - Меѓународен ден на Ромите

Во понеделник (08.04.2019) со почеток во 11:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе имаат свои воведни обраќања на настан „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“, организиран од здружението на граѓани „Ромаверзитас“ и Ромскиот образовен фонд (РЕФ), по повод 8-ми април - Меѓународен ден на Ромите.

Настанот ќе се одржи во големата купола во Собранието на Република Северна Македонија.

Календар Влада: 
Monday, April 8, 2019 - 11:30 to 12:30