Обраќање на премиерот Зоран Заев по повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април

Во недела (07.04.2019) со почеток во 18:00 часот во Националната опера и балет ќе се одбележи Меѓународниот ден на Ромите.

На настанот ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Покрај министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Музафер Бајрам, на овој настан ќе се обрати и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Самка Ибраимоски.  

По завршување на свечените обраќања, следи музичка изведба од страна на Алексијан груп, од Италија (Alexian group).

Календар Влада: 
Недела, Април 7, 2019 - 18:00 to 19:00