Учество на премиерот Заев, министерката за труд и социјална политика, Царовска и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Каевски на настан по повод одбележување на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир

Во сабота (06.04.2019), со почеток во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ќе учествуваат на настан по повод одбележување на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир.

Настанот ќе се одржи во Струмица, во градскиот парк на локација до езерцето.

По посета на спортските активности, а со почеток во 11:30 часот премиерот Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

Календар Влада: 
Сабота, Април 6, 2019 - 11:00 to Недела, Април 7, 2019 - 11:45