Учество на Заменик националениот координатор за СНЕ на серија настани на тема “Спречување на насилен екстремизам”

Националниот Комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам во соработка со Центарот за заедничка основа и со поддршка на Британска амбасада и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје го имплементираше проектот “Зајакнување на отпорноста кон насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија”.

Проектот има за цел да даде поддршка на Националната стратегија и Акцискиот план за спречување на насилен екстремизам преку зајакнување на соработката на локалните чинители, вклучувајќи ги лидерите од граѓанското општество, верските заедници и младите, преку формирање на Акциски тимови во заедницата во три пилот општини: Чаир, Гостивар и Кичево.

Националниот комитет беше претставен од Заменик Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам, Џеладин Ајвази.

Центарот за заедничка основа во општините Чаир (06.03.2109 год.), Гостивар (13.03.2019) и Кичево (20.03.2019) организираше изложби на фотографии и слики  каде што младите ја изразија нивната креативност преку уметност. Учениците фотографираа позитивни елементи со цел да прикажат решение на проблеми, a нивните фотографии вклучуваа почит, разбирање, диверзитет, соживот, единство и среќа.

На настанот присуствуваа  ученици, родители, граѓани, претставници на локални и национални невладини организации. Меѓу присутните беа и претставници од Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадорот  г-дин Волтер Пломп, Заменик-Амбасадорот на Велика Британија г-дин Доминик Oтвеј, г-дин Андри ван Менс Заменик Амбасадор на Кралството Холандија, како  и градоначалниците на општините Чаир, Гостивар и Кичево.

Заменик Националниот Координатор за спречување на насилен екстремизам,  Џеладин Ајвази иостакна дека вклученоста и соработката со локалните чинители како и формирањето на локалните акциски тимови се исклучително важна алатка во превенцијата и дека очекува локалните акциски тимови да бидат целосно оперативни и во заедничка меѓусебна координација успешно да се борат против насилниот екстремизам и радикализацијата.