Учество на Премиерот Заев и владина делегација на 8-от Самит на Шефови на Влади на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина од процесот 16+1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со владина делегација во состав Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министер за транспорт и врски, Горан Сугарески и министер за култура, Асаф Адеми ќе земат учество на 8-от Самит на Шефови на Влади на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина од процесот 16+1 кој оваа година се одржува на 11.04.2019 и 12.04.2019 во Дубровник, Република Хрватска. 

Во рамки на овој самит Премиерот Заев ќе присуствува на отворањето на Економски и трговски Форум, а ќе и има свое обраќање на пленарната сесија на која ќе се обратат премиерите на сите земји учеснички на самитот.

Според агендата на Самитот, владината делегација ќе оствари билатерална средба со премиерот на Народна Република Кина, Ли Кечијанг и кинеска владина делегација.

Во Дубровник, претставници на Владите на Република Северна Македонија и на НР Кина ќе го потпишат Акционен план за соработка во земјоделство.

На маргините на Самит на Шефови на Влади на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина од процесот 16+1 се предвидени неколку билатерални средби.

Премиерот Заев ќе оствари средба со претседателот на Владата на Република Чешка Андреј Бабеш, како и заедничка средба со премиерите на Грција и на Хрватска, Алексис Ципрас и Андреј Пленковиќ.

Календар Влада: 
Четврток, Април 11, 2019 (Цел ден) to Петок, Април 12, 2019 (Цел ден)