Бардул Даути

Title: 
Министер без ресор задолжен за странски инвестиции
Email: 
bardhyl.dauti@gs.gov.mk
Facebook page: 
Biography: 

Бардул Даути е министер без ресор ангажиран за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Северна Македонија. Во 2005 година дипломирал на Економскиот факултет и бизнис, на Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово, отсек финансии.

Во 2007 година дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот Стафордшир, Обединетото Кралство, а докторирал во 2015 година на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, Словенија, со тема: "Одредувачи и трговски ефекти на Странските директни инвестиции во земјите на Југоисточна Европа, со посебен фокус на Македонија".

Тој е Асистент Професор (доцент) на  Економскиот факултет при Тетовскиот Универзитет, за предавања по предметите Економија: Макроекономија и современи економски системи. Автор е на неколку научни трудови од областа на странски инвестиции, трговија, меѓународна економија и макроекономија во престижни списанија индексирани во SCOPUS, Web of Science или Thomson Reuters.

Тој е исто така автор на универзитетски учебници, овластени статии од областа на економијата за потребите на студентите и автор на универзитетскиот учебник: "Микроекономија со пресметка" објавен во 2008 година и повторно објавен во 2018 година во второто издание.

Министерот Бардил Даути, исто така, е визитинг професор на Економскиот Факултет при Универзитетот во Љубљана, за предметите за меѓународна економија и евалуација на научни трудови во неколку познати списанија на универзитетите во регионот.

Во досегашната кариерата служеше во неколку јавни ангажмани како советник во општина Тетово (2012-2016), пратеник во Собранието на Република Северна Македонија (2016-2017) и моментално како министер во Владата на Република Северна Македонија.​