Посета на Аква Поника и изјави од ЗПВРСМ Кочо Анѓушев, директорот на ФИТР Јован Деспотовски и ко-основачот на Аква Поника, Милица Петрушевска

Во недела, (14.04.2019) со почеток во 10 часот, Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев придружуван од директорот на ФИТР, Јован Деспотовски ќе ја посетат компанијата Аква Поника во Орешани која го спроведува проектот „Брендирани млади органски салати“ ко-финансиран преку грант на ФИТР.

Во склоп на посетата, предвидени се и изјави за медиумите од страна на Заменик Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, директорот на ФИТР, Јован Деспотовски и ко-основачот на Аква Поника, Милица Петрушевска.

Со цел да се пристигне на време на локацијата на оваа компанија, за сите заинтересирани претставници на медимите е организиран превоз за максимум 24 претставници. Времето на поаѓање е 09:00 часот, ги замолуваме сите заинтересирани претставници на медиумите да пристигнат на споредната улица пред Владата на Република Северна Македонија, најдоцна до 08:45 часот.

Календар Влада: 
E diel, Prill 14, 2019 - 10:00 to 11:30