Владата на Република Северна Македонија денеска, со почеток во 10:00 часот ќе ја одржи редовната, 130 седница.
Пред министрите ќе се најде информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Националната Стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023 година, со Акциски план.
На дневен ред на денешната седница е и информацијата за прогресот на реализација на акцискиот план за пристапни рампи за лицата со инвалидност, како и информацијата за подготовка на национална стратегија за електронско здравство, со Предлог-одлука.
Како материјал за информирање, Владата на Република Северна Македонија ќе ги разгледа Информацијата за прогресот во однос на обезбедување на посебен софтвер (програма) за внесување и процесирање на податоци за сообраќајни незгоди „Електронски записник од увид во сообраќајна незгода“, како и информацијата за прогресот и реализацијата на проектот „Креирање на стандарди на професионални компетенции“.