Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев ќе извршат увид во тековната состојба на системот за водоснабдување во Гевгелија и средба со бизнис заедницата од регионот

Во четврток (18.04.2019) со почеток во 09:30 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков ќе извршат увид во тековната состојба на системот за водоснабдување во Гевгелија.

По завршување на овој настан, во мотел Вардар, премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев ќе имаат средба со претставници на бизнис заедницата од тој регион.

По завршување на средбата во 11:00 часот во фоајето на мотел Вардар, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вицепремиерот Анѓушев и градоначалникот Сашо Поцков ќе дадат изјава за медиумите.

Календар Влада: 
Thursday, April 18, 2019 - 09:30 to 11:15