Изјава за медиуми на премиерот Заев по средбата со градоначалникот Дудуш и обиколката на Шуто Оризари

Во петок (19.04.2019), Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев е во посета на Општина Шуто Оризари каде што ќе оствари средба со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, а потоа заедно ќе извршат обиколка и разгледување на дел од населбата во кој тековно се решаваат некои инфраструктурни прашања од интерес на граѓаните.

Во 13:30 часот на последна 19-ка во Општина Шуто Оризари премиерот Заев и градоначалникот Дудуш ќе дадат изјави за медиуми.

Календар Влада: 
Friday, April 19, 2019 - 13:30 to 14:30