Редовна седница на Економско-социјалниот совет и изјави за медиуми

Во среда (01.05.2019), Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе учествува на редовната седница на Економско-социјалниот совет со кој претседава министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Настанот ќе се одржи во Свечена сала во Владата на Република Северна Македонија, а медиумите се поканети во 13:20 часот да направат фото и видео инсерти. 

Во 13:30 часот во холот пред Свечена сала изјави за медиумите ќе дадат премиерот Заев и министерката Царовска.

Календар Влада: 
Среда, Мај 1, 2019 (Цел ден)