Владина делегација на комеморативно одбележување на 4-ти Мај, Денот на загинувањето на македонскиот револуционер и борец за слобода, Гоце Делчев

Во сабота (04.05.2019) по повод одбележувањето на 4 Мај, Денот на загинувањето на македонскиот револуционер и борец за слобода, Гоце Делчев, владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и заменик на министерот за култура, Владимир Лазовски, ќе присуствуваат на програма и свеченост во 10:00 часот, со положување цвеќе на саркофагот во кого се сместени посмртните остатоци на македонскиот револуционер и борец за слобода, Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Програмата продолжува со концертот „Гоце 116“ на камерниот оркестар на Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија и музичари од Филхармонија на Благоевград - Р. Бугарија, под диригентската палка на Христо Христов, во 19:00 во Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија. 

Календар Влада: 
Сабота, Мај 4, 2019 (Цел ден)