Учество на Премиерот Заев и министерот Тевдовски на отворањето на Годишното Собрание на ЕБОР во Сараево, Босна и Херцеговина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски ќе учествува на годишните средби на ЕБОР и отворање на Генералното собрание кои се одржуваат од 7-ми до 9-ти мај во Сараево, Босна и Херцеговина. 

Премиерот Заев на 8-ми мај ќе учествува на церемонијата на отворање на Годишното собрание на ЕБОР, а ќе се обрати и на панелот на високо ниво на лидери од шесте земји на Западен Балкан.

Календар Влада: 
Tuesday, May 7, 2019 (All day) to Thursday, May 9, 2019 (All day)