Министерот Роберт Поповски ќе се обрати на Седница на Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на тема "Борба против дезинформациите во Југоисточна

Во сабота (11.05.2019) со почеток во 9:30 часот, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ќе има свое обраќање на Седницата на Генералната комисија за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на тема „Борба против дезинформациите во Југоисточна Европа“.

Настанот ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, сала Борис Трајковски. 

Календар Влада: 
Сабота, Мај 11, 2019 - 09:30