Учество и обраќање на премиерот Заев на презентација на Извештајот на ОБСЕ со резултатите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените

Во среда (15.05.2019) со почеток во 10:30 часот во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи настан на кој ќе се презентира Извештајот на ОБСЕ со резултатите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените. 

Предвидено е пред почетокот на настанот во 10:00 часот во холот пред Свечена сала изјави за медиумите да дадат премиерот Зоран Заев, Шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, амбасадорот Клеменс Која и специјалната советничка за родови прашања на ОБСЕ, Амарсана Дарисурен.

Календар Влада: 
Среда, Мај 15, 2019 - 10:00 to 11:00