Министрите Бектеши и Царовска и директорот на ФИТР Деспотовски на настан „Основање на Национална мрежа на социјални претпријатија“

Денеска, со почеток од 13 часот во „Холидеј Ин“, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ ќе се одржи настанот „Основање на Национална мрежа на социјални претпријатија“. Владините политики ќе бидат претставени од министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, а свои обраќања ќе имаат и директорот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) за Република Северна Македонија и Косово Давид Оберхубер и  извршната директорка на „Паблик“ Климентина Илијевски.

Календар Влада: 
E mërkurë, Maj 15, 2019 - 13:00 to 15:00