Официјална посета на владина делегација на Република Северна Македонија предводена од премиерот Заев на Црна Гора од 24 до 25 мај, 2019 година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, од 23 до 24 мај оваа година, ќе предводи владина делегација во официјална посета на Република Црна Гора.

За време на посетата премиерот Заев ќе оствари средби со неговиот колега, премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, со Претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајковиќ, како и со Претседателот на Република Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

За време на дводневната официјална посета на Црна Гора, членовите на Владите на двете земји ќе одржат заедничка владина седница на која ќе бидат потпишани неколку билатерални договори.

Во агендата на дводневната официјална посета на Црна Гора е вклучен и Бизнис Форум за делегации на стопанските комори на двете земји.

Календар Влада: 
Четврток, Мај 23, 2019 (Цел ден) to Петок, Мај 24, 2019 (Цел ден)