Учество и обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на првата јавна дискусија за нацрт текст на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“

Во вторник (21.05.2019) со почеток во 10:30 часот во Клуб на пратеници, ќе се одржи првата од серијата на јавни дискусии на Владата за претставување на нацрт текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ на која ќе учествуваат и ќе се обратат: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерката за правда, Рената Дескоска и Алберт Муслиу, прв извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи.

На овој настан ќе биде презентиран и нацрт текстот на стратегијата по кој следи и дискусија со присутните претставници на граѓанскиот сектор, дипломатскиот кор, претставници од државните институции и граѓански активисти.

Календар Влада: 
Tuesday, May 21, 2019 - 10:30 to Wednesday, May 22, 2019 - 11:45