Владина делегација ќе присуствува на настани организирани од страна на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј по повод 70 годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на патрониот ден

Ве известуваме дека во вторник (21.05.2019), владина делегација ќе присуствува на настани организирани од страна на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј по повод 70 годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот.

Владина делегација во состав Венко Филипче, министер за здравство, Зорица Апостолска, министерка без ресор задолжена за странски инвестиции и Енвер Хусеин, државен секретар за образование и наука ќе присуствуваат на Молебен во чест на Светителите Кирил и Методиј, како и на положување свежо цвеќе на споменикот на Св. Кирил и Методиј на универзитетскиот кампус, со почеток во 10:00 часот.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, ќе присуствува и воедно ќе се обрати на Свечената академија по горенаведениот повод која ќе се одржи во Националната филхармонија во Скопје со почеток во 20:00 часот на ден 21.05.2019 (вторник).

Календар Влада: 
Tuesday, May 21, 2019 - 00:00 to 23:45