Учество и обраќање на премиерот Зоран Заев на настан „Цели за одржлив развој: Јавна расправа за квалитетно образование“

Во среда (22.05.2019) со почеток во 17:00 часот, во свечената сала во Владата на Република Северна Македонија, премиерот Зоран Заев ќе се обрати на настан „Цели за одржлив развој: Јавна расправа за квалитетно образование“.

За важноста на реформите во образованието ќе зборуваат и вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми, како и претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Бенџамин Перкс.

Календар Влада: 
Wednesday, May 22, 2019 - 17:00 to Thursday, May 23, 2019 - 17:45