Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев на потпишувањето договор за закуп помеѓу ДТИРЗ и компанијата „Герешајмер“

Во четврток (23.05.2019) во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, со почеток во 13:00 часот ќе биде потпишан договорот за закуп помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и германската компанија „Герешајмер“.

На настанот, покрај директорот на ТИРЗ Александар Младеновски и Оливер Бургел, извршен потпретседател на „Герешајмер“ задолжен за глобални операции, квалитет и набавки, ќе присуствуваат и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и Заменик на претседателот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Календар Влада: 
Четврток, Мај 23, 2019 - 13:00 to Петок, Мај 24, 2019 - 13:45