Tрета јавна дискусија за нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“

Во понеделник (27.05.2019) во салата на Советот на општина Кочани, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи третата дискусија за претставување на нацрт текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“, на која свое обраќање ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи во РСМ, Даријан Сотировски, како и претставничка на Фондацијата Отворено општество, Славица Инџевска. 

Пред почетокот на јавната дискусија, во 10:45 часот предвидени се изјави од учесниците пред општинската зграда на Советот на општина Кочани.

Календар Влада: 
Monday, May 27, 2019 - 10:45 to Tuesday, May 28, 2019 - 11:45