Соопштение за неработен ден - 04.06.2019 (вторник), првиот ден на Рамазан Бајрам е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен  весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 4 јуни 2019 година (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.