Министерката Дескоска и министерот Поповски ќе учествуваат на конференцијата „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис - сектор“

Министерката за правда Рената Дескоска и министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, утре (среда, 29 мај), ќе учествуваат на конференцијата посветена на „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис - сектор“, што како проект финансиран од Европската Унија, го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Здружението на граѓани Конект.

Министерката Дескоска на конференцијата, која започнува во 11:00 часот во хотелот Холидеј Ин, ќе има свое воведно обраќање на панелот „Важноста на интегритетот и намалувањето на корупцијата во бизнис секторот“, додека министерот Поповски ќе говори на панелот на тема „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“.

Календар Влада: 
Среда, Мај 29, 2019 - 11:00 to 12:30