Четврта јавна дискусија за нацрт текстот на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ во Струмица

Во четврток (30.05.2019) во салата на Советот на општина Струмица, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи четвртата јавна дискусија за претставување на нацрт текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“, на која свое обраќање ќе имаат министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан како и граѓанската активистка од Организацијата на жените од Струмица, Ленче Христова. 

Нацрт-текстот на стратегијата ќе го претстави Олимпија Христова-Заевска, координатор на кластерот локална самоуправа и советник за меѓународна економија и развој во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, а потоа следи јавната дискусија.

Календар Влада: 
Thursday, May 30, 2019 - 11:00 to Friday, May 31, 2019 - 11:45