Форум „Две години Влада - Одговорно пред граѓаните“

На 2 јуни 2019 година (недела) во хотел „Холидеј Ин“, сала Милениум 1, со почеток во 11:30 часот, Владата на Република Северна Македонија организира Форум „Две години Влада - Одговорно пред граѓаните“.

На првата сесија од Форумот под насловот „Промени 2017 - 2019: Од поделено и изолирано општество пред колапс, до стабилно, солидарно и почитувано општество“ ќе се обратат премиерот Зоран Заев, замениците на претседателот на Владата, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Кочо Анѓушев.

На втората сесија која ќе започне во 14:00 часот, насловена „Агенда 2019 - 2020: Фокусот на Владата до крајот на мандатот“ свои излагања ќе имаат премиерот Зоран Заев, новинарот Томислав Кежаровски, универзитетската професорка Беса Арифи, претседателот на МАНУ Таки Фити, претседателката на НВО „Амбрела“ и граѓанска активистка Љатифа Шиковска, директорката на „Хелсиншки комитет за човекови права“, Уранија Пировска, претприемачот Коста Петров и претседателот на Управен одбор на „НЛБ Банка АД Скопје“ Антонио Аргир, а дискусијата ќе ја модерира Џабир Дерала, претседател на Цивил - центар за слобода.

Календар Влада: 
Sunday, June 2, 2019 - 11:30 to 16:00