Работна посета на премиерот Зоран Заев на Европската комисија и на Европската банка за обнова и развој во Брисел, 4-5 јуни 2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на 4 и 5 јуни ќе оствари работна посета на европските институции во Брисел.

На 4 јуни, вторник, премиерот Заев ќе оствари средба со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, на која заеднички ќе разговараат за Извештајот на ЕК за РСМ и за резултатите од изборите за Европскиот парламент, во пресрет на средбите на Советот на ЕУ и Европскиот совет на крајот на јуни оваа година.

Веднаш после средбата, во попладневните часови, премиерот Заев и претседателот на ЕК Јункер, ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе информираат за разговорите.

Во попладневните часови, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе има и средби и со високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини, како и со европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

На 5 јуни, среда, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за финансии, Драган Тевдовски, на покана на Европската банка за обнова и развој, ќе учествува на панел дискусија на тема: „Северна Македонија: Забрзани реформи, забрзана ЕУ интеграција" во организација на Европската банка за обнова и развој (EBRD) и Центарот за студии на европски политики (CEPS).

Веднаш после дебатата на панелот ќе биде организирана прес конференција која се очекува да се одржи во 11:00 часот.

Календар Влада: 
Tuesday, June 4, 2019 (All day) to Wednesday, June 5, 2019 (All day)